Дописници Вевчани отсечено од светот

Вевчани отсечено од светот

Со снежна покривка повисока од 45 сантиметри, Вевчани изгледа импресивно, како во снежна бајка – со амбиентот, особено по текот на познатите вевчански извори, ама убавината им создаде и проблеми на жителите од ова место.

Од вчера, по 14 часот, нема електрична струја. Општината со 2.500 жители беше комплетно отсечена од цивилизацијата.

Фабриките, дуќаните и училиштата престанаа да работат. Настава нема ниту денеска, иако е стабилизирано електричното напојување.

Поради големите снежни наноси, прекинат е и редовниот автобуски превоз. Вевчанци вчераа нема ниту интернет, а и мобилните телефони престанаа со функција.