Дописници Вевчани – Меѓународен конкурс за карикатура

Вевчани – Меѓународен конкурс за карикатура

Во пресрет на традиционалната манифестација Вевчански василичарски карневал, во ова питорескно место под падините на Јабланица, а по повод 30-годишнината од одржувањето на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“, распишан е Меѓународен конкурс за карикатура на тема „Поплава, поплава…“ Во организацијата е вклучено и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“.

Право на учество на конкурсот имаат сите што цртаат карикатури и имаат смисла за хумор и за сатира. Форматот и бројот на карикатури со кои еден автор-карикатурист ќе учествува на конкурсот не е ограничен, односно е по избор на авторот.

Жири-комисијата ќе додели три награди: златна, сребрена и бронзена маска. Конкурсот е отворен и рокот за испраќање на творбите е до 25 декември 2014 година. Резултатите од жирирањето ќе бидат соопштени на 10 јануари 2015 година, преку средствата за јавно информирање.

Добитниците ќе бидат почестени и со пасош на Карневалска Република Вевчани.