Македонија Ветингот во МВР на 146. седница на Влада која ќе се одржи...

Ветингот во МВР на 146. седница на Влада која ќе се одржи денеска

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 146. седница во 12 часот, а на предлог на Министерството за внатрешни работи за оваа седница доаѓа информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

„На денешната седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан и предлог – законот за јавното обвинителство, како и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Министерството за надворешни работи како точка на дневниот ред на денешната седница го предлага Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево“, велат од Влада.