Култура Весна Гиновска-Илкова вечерва со соло-рецитал во Софија

Весна Гиновска-Илкова вечерва со соло-рецитал во Софија

Македонската оперска певица Весна Гиновска-Илкова вечерва, во 19.30 часот, во концертна сала „Борис Христов“ во Софија, ќе одржи соло-рецитал.

Концертот е во рамките на јубилејната програма по повод 10-годишнината на КИЦ на Република Македонија во Софија и 11. Фестивал на уметностите „Борис Христов“.

Во пијано-придружба на Кристина Светиева, ќе бидат изведени познати оперски арии од Штраус, Лист, Рахмањинов, Верди, Маскањи, Чајковски, Пучини, како и фрагменти од нашата македонска музичка ризница, „Марика, мома убава“ од Зографски и „Галебе мој“ од Прокопиев.

Организатор на концертот на Весна Гиновска-Илкова во Софија е КИЦ на Република Македонија во Софија, а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.