Свет Европа Вештачката интелигенција носи поефикасна иднина, порачува германскиот вицеканцелар

Вештачката интелигенција носи поефикасна иднина, порачува германскиот вицеканцелар

Технологијата може да направи нештата да се одвиваат поефикасно и поедноставно, почнувајќи од заштита на климата до податоци за времето и системи за рано предупредување, како и од заштита од болести до терапевтски системи, изјави Хабек

Photo by Mariia Shalabaieva on Unsplash

Вештачката интелигенција претставува првенствено голема можност за светот, иако има ризици и предизвици, изјави германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек, јавува новинската агенција ДПА. 

Неговите коментари доаѓаат за време на посетата на Обединетото Кралство, каде присуствуваше на глобалниот Самит за безбедност во вештачката интелигенција, кој се одржува во Милтон Кејнс во близина на Лондон.

Технологијата може да направи нештата да се одвиваат поефикасно и поедноставно, почнувајќи од заштита на климата до податоци за времето и системи за рано предупредување, како и од заштита од болести до терапевтски системи, изјави Хабек.

Тој додаде дека ризикот од злоупотреба на технологијата исто така постои. Токму поради тоа Европската Унија сака да ја регулира нејзината употреба.

Сепак, Хабек потенцираше дека целта на ЕУ не е со законодавството да воведе ограничувања на самата технологија.

На глобалниот самит ќе учествува британскиот премиер Риши Сунак, американската вицепретседателка Камала Харис и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ќе се дискутира за создавањето соодветен терен на меѓународно ниво за употреба и развој на технологијата на вештачката интелигенција.