Свет Балкан Венизелос побарал Папандреу да остане во ПАСОК

Венизелос побарал Папандреу да остане во ПАСОК

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, на ненадејната средба со Јоргос Папандреу пред второто гласање за Димас, побарал од екслидерот на социјалистите да не размислува за напуштање на партијата. Како што информираат од ПАСОК, Венизелос му укажал на Папандреу да не ја растура партијата бидејќи единството на ПАСОК е и негова национална, партиска и етичка должност.

Венизелос истакнал дека местото на поранешниот премиер, кој деновиве се слушаше дека подготвува нова партија, е на кандидатската листа на ПАСОК за да може заедно и обединето да се борат на изборите, кога и да се случат.

Ваквиот развој на настаните остава впечаток дека ПАСОК, заедно со сите други партии, полека почнува да се поготвува за предвремени парламентарни избори.

М.П.