Економија Венецуела е принудена да увезува нафта

Венецуела е принудена да увезува нафта

Нафтена рафинерија во Венецуела

Венецуела е принудена да увезува нафта за сопствени потреби иако се проценува дека земјата ги поседува најголемите нафтени резерви.

Поранешниот претседател Уго Чавез своевремено се фалеше дека ја вратил нафтената индустрија под контрола на државата, откако го национализираше вложувањето на приватните нафтени компании во земјата – „Ексон мобајл“ и „Коноко“.

Деветнаесет месеци по смртта на Чавез, Венецуела не е во состојба да црпи доволни количества нафта за сопствени потреби, поради што е принудена да увезува. Рафинериските капацитети на државните компании, поради застареноста и лошото одржување, не се состојба да ја преработат. Земјата нема странски инвестиции, бидејќи светски познатите компании ја сметаат за премногу ризична поради лошото искуство со национализацијата од минатото.

Државната нафтена компанија нема средства за сама да ја финансира обновата на капацитетите за преработување, затоа што владејачката партија го користи нејзиниот профит за финансирање на своите државни програми и политички кампањи.