Свет Венецуела: 4.700 заразени со вирусот зика

Венецуела: 4.700 заразени со вирусот зика

Венецуела регистрирала 4.700 можни случаи на вирусот зика, за кој се верува дека предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчиња, соопшти министерството за здравство на таа земја.

– Имаме извештаи од 4.700 пациенти, за кои се сомневаме дека се заразени со новиот вирус и тоа врз база на симптомите – рече министерката за здравство, Луизиана Мело.

Таа рече дека бројот на заразените веројатно е многу поголем од регистрираниот затоа што пациентите, поради благите симптоми, извесно време не ни веруваат дека се заразени.

Светската здравствена организација верува дека вирусот е главна причина за неодамнешниот пораст на случаите на микроцефалија во регионот.

Микроцефалија или „мала глава“ е ретка неуролошка состојба кај која главата на децата е значително помала во споредба со другите деца на иста возраст и и од ист пол.