Македонија Велосипедска тура во Ресен за спортисти со попреченост

Велосипедска тура во Ресен за спортисти со попреченост

На 7 и 8 септември годинава во Преспа се одржа велосипедска тура за спортисти со попреченост во организација на Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ и партнерите, Здружение на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружение на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“.
На Велосипедската тура учествуваа триесетина спортисти со физичка и интелектуална попреченост во неколку групи. Во овој рамките на овој проект со инструктори беа организирани и обуки за пливање, возење на кајак, нуркање, јога, медицинска помош…
„Целта на проектот е да се поттикнат лицата со попреченост да ги осознаат своите можности и да градат капацитети на самостојни и самоуверени личности, кои ќе дадат придонес кон градењето на инклузивно општество“, гласи во заедничкото соопштение на здруженијата.
Освен директната вклученост на лицата со попреченост во спортските активности, со овој проект ќе се мотивираат и поттикнат на поголема социјализација и вклученост во адаптивните спортови и се промовира Општина Ресен како атрактивна туристичка дестинација за овие спортови.

Настанот е дел од проектот „Спорт за сите“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската Унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.