Видео Велосипедска патека која наликува на слика на Ван Гог

Велосипедска патека која наликува на слика на Ван Гог

Светлечка велосипеднска патека во Дан Розегеарде

Холандскиот уметник и дизајнер Дан Розегеарде создаде прекрасна и иновативна велосипедска патека која свети навечер.

Патеката, поради светечките каменчиња и ЛЕД-светилките, потсетува на познатата слика на Ван Гог, „Ѕвездена ноќ“.

Километарската патека, која е направена со посебна технологија на светење во темнина, како и со ЛЕД-светилки на соларна енергија, се наоѓа во холандскиот град Брабант, родното место на Ван Гог.

Светилките на патот ќе им овозможат на велосипедистите без проблем да возат во доцните часови.