Македонија Велика Британија ја стави Македонија во зелената листа на држави, признати се...

Велика Британија ја стави Македонија во зелената листа на држави, признати се сертификатите за вакцинација

Фото: Lukas on Unsplash

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за ковид-19, со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информираат од Министерство за надворешни работи.

„Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: „Оксфорд/АстраЗенека“, „Фајзер/БиоНтек“, „Модерна“, „Џонсон&Џонсон“. Сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик,“ се вели во соопштението.

На веб страницата на МНР може да ги следите најдетално и најновите информации за ковид-протоколи.

Останува непроменето дека, државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.