Дописници Велигденски гости во Охрид и во Струга

Велигденски гости во Охрид и во Струга

Повеќе стотици гости, најголемиот дел од Грција, но и од Албанија, Бугарија, Србија и од други земји, престојуваат на брегот на Охридското Езеро, на празничен, велигденски викенд.

Најпосетен, со околу 150 гости од Грција, е хотелот „Дрим“ во Струга. Во Охрид туристите се сместени, главно, во помалите хотели.

Ладното време и снегот што и денеска паѓа на околните планини, не ги спречи гостите, традиционално да допатуваат за католички Велигден.

Нивното присуство може да се забележи по шеталиштето на градскиот кеј, рестораните, продавниците и во многубројните цркви во старото градско јадро на Охрид.