Дописници Велгоштанец возел со лажни бугарски таблички

Велгоштанец возел со лажни бугарски таблички

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш. (25) од охридското село Велгошти, кој е осомничен за фалсификување исправа.

Осомничениот, во јануари 2013 година, нелегално набавил возило марка „опел монтереј“ на кое монтирал лажна бугарска регистарска табличка. Автомобилот со лажните бугарски таблички го возел во периодот од август 2013 до септември 2014 година.

Според полицијата, странската регистарска табличка потекнувала од автомобил „фиат пунто“, издадена од бугарските органи за извоз и за транзит од земјата.

За возилото не била спроведена постапка за увоз со плаќање царински и други увозни давачки во согласност со закон, па затоа не ни смеело да се пушти во слободен промет на подрачјето на Република Македонија.