Хроника Велешанец осомничен за организирање комар

Велешанец осомничен за организирање комар

СВР Штип поднел кривична пријава против 37-годишен велешанец кој во простории во Штип организирал комар.

Како што информираат од полицијата, против велешанецот Д.С. е поднесена пријава за кривично дело комар, а против С.А.(21) од Штип за кривично дело помагање.

Според полицијата, велешанецот од почетокот на септември до крајот на ноември во простории во Штип неовластено организирал комар, за што му помагал младиот штипјанец како коорганизатор.

Кон крајот на ноември, полицијата извршила претрес во просториите што ги користеле осомничените, каде пронашле и заплениле копче за делење, стоперка за покер, две професионални маси за покер и два куфери жетони.