Ctrl - Z Велемајсторот во шах, Гари Каспаров игра Hearthstone

Велемајсторот во шах, Гари Каспаров игра Hearthstone

Скриншот од видео од YouTube каналот на Hearthstone

Велемајсторот во шах, Гари Каспаров, игра Hearthstone. Каспаров е познат по тоа што е првиот велемајстор шахист што играше против „Вештачка интелегенција” и изгуби од противник компјутер. Како што вели тој, тоа му бил прв пораз во кариерата. И самиот Каспаров вели дека ако се игра против машина која што констатно врти комбинации и игра против самата себе нема шанси човек да ја победи. A за Hearthstone вели дека е потешко машината да владее со играта што отвара шанса да се победи. Тоа е така поради општо познатото знаење дека Hearthstone е многу рандомизирана игра. 

Исто како и претходниот пат, тој тренирал да игра Hearthstone против компјутер, со специјален тренер за Hearthstone. Одвоил доста време да ја вежба оваа игра со карти дури и на официјален натпревар. Тој иако мисли дека игра повторно против компјутер, всушност игра против второпласираниот Legend ранк играч во светот – дамата со надимак Slyssa. Гари Каспаров дури и го цитира Брус Ли: “Не се плашам од противник што знае 1000 потези, туку од противник што вежбал еден потег 1000 пати.”

Играат до три добиени партии и Гари Каспаров победува само во една партија додека Slyssa го поразува со резултат 2:1. Но, ова не го разочарува познатиот шахист и е посветен да стигне до Legend Rank на Hearthstone и игра секој ден и по натпреварот.

Ова можеби е само нов начин да се рекламира Hearthstone но сепак е интересен настан којшто можете да го проследите на следното видео: