Македонија Вељаноски – Мета: Односите меѓу Македонија и Албанија на нагорна линија

Вељаноски – Мета: Односите меѓу Македонија и Албанија на нагорна линија

На средбата помеѓу претседателите на македонскиот и на албанскиот парламент, Трајко Вељаноски и Илир Мета, било констатирано дека Македонија и Албанија се две соседни пријателски земји, со добри односи кои имаат тренд на нагорна линија.

На средбата на претседателите на албанскиот и на македонскиот парламент станало збор и за положбата на етничките заедици, а се разговарало и за евроатланските процеси, при што Мета посочил оти Албанија и натаму ќе ја поддршува Македонија на патот на членството во НАТО, а македонскиот парламент покажал подготвеност за споделување на искуствата во насока на усогласување на законодствството со она на ЕУ.