Македонија Ведро и студено време со температура до 10 степени

Ведро и студено време со температура до 10 степени

Времето денеска ќе биде ведро и студено, со мала до умерена облачност во источните делови. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 13 до минус 3 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 10 степени.
Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура до 8 Целзиусови степени.

И во следните денови нè очекува стабилно и суво време, со благ пораст на дневната температура.