Економија Веб-страницата на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки проработе

Веб-страницата на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки проработе

Фото: Електронсkи систем Биро за јавни набавки

Веб-страницата на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки по пет дена проработе и сега е достапен за јавноста.

Од ЕСЈН упатија благодарност за разбирањето до граѓаните и објавија порака во која е наведено дека техничкиот проблем кој доведе до нејзина недостапност е целосно надминат, како и дека интегритетот на системот не е загрозен.

„Овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби“, пишува во пораката на веб-страната.

Моментално се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, се вели во пораката, и се додава дека поради тоа е оневозможено најавување на веб-сајтот.

Истовремено, оттаму соопштуваат дека наредните денови очекуваат нормализирање на сите функции на системот, за што најавија дека дополнително ќе ја информираат јавноста.