Подглавна секција Вчера МВР казни 203 возачи за брзо возење

Вчера МВР казни 203 возачи за брзо возење

Архивска фотографија, извор: МВР

При редовните акциски контроли во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи забележа дека најмногу прекршоци во сообраќајот се поради неприлагодена брзина според ограничувањата на патот.

МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 203 возачи.

„Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 123 надвор од населено место“, наведено е во полициското соопштение.

Од МВР порачуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.