Македонија Вчера МВР издало потврди на 1.817 мигранти

Вчера МВР издало потврди на 1.817 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР), потврди за искажана намера за барање азил издало на вкупно 1.817 мигранти.

Според државјанството, најголем дел од мигрантите на кои им биле издадени потврди се со потекло од Авганистан, вкупно 641 лица, од Сирија се 826, а од Ирак – 350 лица.

Од почетокот на годината до вчера биле издадени вкупно 74.690 потврди на странски државјани.