Македонија Вчера биле аплицирани 6.089 дози вакцини против ковид-19, најмногу за трета доза

Вчера биле аплицирани 6.089 дози вакцини против ковид-19, најмногу за трета доза

Фото: Мета.мк

Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 6.089 дози вакцини против ковид-19, од кои 709 се прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на дадени вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од населението добило две дози вакцина.