Свет Европа Валс: Вонредна состојба во Франција додека трае војната против ИД

Валс: Вонредна состојба во Франција додека трае војната против ИД

Вонредната состојба во Франција ќе остане на сила сè додека „тоталната и глобална војна“ против Исламска држава не заврши, најави денеска францускиот премиер Мануел Валс.

Валс рече дека Франција е во војна која, како што појасни, подразбира користење на сите демократски средства под владеење на правото за заштита на францускиот народ.

Францускиот премиер посочи и дека Европа мора итно да преземе мерки за контрола на надворешните граници.

– Доколку Европа не е способна да ги заштити сопствените граници, самата идеја за Европа се доведува во прашање – рече Валс, додавајќи дека самиот концепт за Европа сега е во „особено сериозна опасност“.