Македонија Валс: На обвинетите за тероризам ќе им се одзема француското државјанство

Валс: На обвинетите за тероризам ќе им се одзема француското државјанство

Францускиот премиер, Мануел Валс, денеска најави дека во Уставот на Франција ќе се направат измени со кои ќе се овозможи на лицата обвинети за тероризам, кои имаат двојно државјанство, да им се одземат француските документи.

Таа одлука ќе биде една од мерките воведени во рамките на вонредната состојба во Франција, која е на сила од терористичките напади во Париз на 13 ноември.

Валс, исто така, ја остави отворена можноста за продолжување на вонредната состојба во Франција на подолго од сегашните три месеци.