Свет Европа Валс бара продолжување на вонредната состојба во Франција

Валс бара продолжување на вонредната состојба во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс денеска пред парламентот поднесе предлог-закон со кој се бара продолжување на вонредната состојба во државата.

Валс во говорот предупреди дека лицата блиски до терористите што извршија напади минатата недела и убија 129 лица Париз, може да употребат хемиско или биолошко оружје.

Владиниот предлог-законот утре ќе се најде пред францускиот Сенат.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот прогласи вонредна состојба во земјата, за време на терористичките напади на шест локации во главниот град Париз.