Македонија Вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од СЗО, вели...

Вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од СЗО, вели Филипче

Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук-профил објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација (СЗО).

„Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици.Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица,“ се вели во Фејсбук статусот на министерот Филипче.

Вакцината „Синовак“ денеска треба да пристигне во 500.000 дози.