Свет Балкан В среда ќе се знае дали Црна Гора ќе добие покана за...

В среда ќе се знае дали Црна Гора ќе добие покана за НАТО

Конечната одлука за покана на Црна Гора во НАТО сè уште не е донесена, соопшти денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, исканувајќи дека за тоа ќе одлучуваат министрите за надворешни работи на Алијансата в среда наутро.

Столтенберг рече дека не може да ја предвиди одлуката на министрите, кои в среда ќе ја дадат финалната оценка за напредокот во реформите.

– В среда наутро ќе биде соопштено дали ќе биде упатена или не покана за членство на Црна Гора во Алијансата. Доколку одлуката биде позитивна, потребна е нејзина верификација во сите 28 земји-членки и за формално членство е потребно време. Не можам да речам колку ќе трае – рече Столтенберг, додавајќи дека Црна Гора напредувала, но оти има уште за работа.