Македонија В сабота протест на Синдикатот на одбраната

В сабота протест на Синдикатот на одбраната

В сабота, Синдикатот на одбраната и безбедноста ќе протестира поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата.

Протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата, а ако не се исполнат нивните барања, ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност.

Синдикатот посочува дека подолг временски период преговарал со надлежните во Министерството за одбрана за подобрување на стандардот на вработените, но оти до решение не е дојдено.

„Како разумен социјален партнер, оставивме доволно време (до 13 мај 2016 год.) да седнеме на преговарачка маса и да најдеме начин за исполнување на горенаведените барања. До петокот не се остварени преговори со надлежните поради што е донесена одлуката за протест“, стои во соопштението од Синдикатот.