Култура В сабота „Булевар на книгите“ до полноќ

В сабота „Булевар на книгите“ до полноќ

Налик на светските метрополи, Клуб „Матица“ го продолжува трендот кој низ светот е посветен на промоција на читањето и на дружењето со книгите.

В сабота, „Булеварот на книгите“, ќе биде „буден до полноќ“. „Матица“ препорачува забава со книгите, како извор на љубов и на инспирација.

Овојпат, манифестацијата ќе ја промовира иницијатива на клубот за празнување на ден на македонската книга, кој би се одбележувал на 23 мај, еден ден пред Денот на македонската писменост. Инцијативата произлезе од проектот „Читај повеќе“, а ги вклучи сите еминентни македонски писатели, актери, музичари, кои на различни локации низ Скопје и низ Македонија, со јавно читање поезија и проза, ги славеа зборот, словото и книгата.
Акцијата „Будни до полноќ“, ќе биде реализирана в сабота, кога Клуб „Матица“ на булеварот Климент Охридски ќе биде отворен за љубителите на книгите до полноќ. Со големи попусти и со подароци, продолжува имплементацијата на светскиот тренд за 24-часовна достапност на книгите за граѓаните на Скопје.