Македонија В недела трето прскање против комарци

В недела трето прскање против комарци

В недела, од 5 до 11 часот, Град Скопје третпат ќе врши авионска дезинсекција против ларви од комарци.

„Опфатени ќе бидат сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и во неговата околина, како и по текот на реката Вардар. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, информираат од Град Скопје.