Македонија В недела, изложба на шарпланинци во Аеродром

В недела, изложба на шарпланинци во Аеродром

Изложба на шарпланинци

В недела, 16 ноември 2014 година, во паркот Аеродром, со почеток во 10 часот, ќе се одржи изложба на единствената македонска раса на куче, шарпланинец.

Станува збор за Државно првенство, кое се одржува 16. пат, а го организира Македонскиот клуб на овчарско куче „Шарпланинец“, каде што може да се пријават за учество заинтересираните сопственици на шарпланинци. Изложбата е отворена и може да ја проследат сите љубители на кучиња.