Македонија Увид во избирачкиот список може да се направи до полноќ

Увид во избирачкиот список може да се направи до полноќ

На полноќ истекува рокот за јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори, закажани за 15 октомври годинава. Увидот се врши во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и на веб-страницата на ДИК.

Според Комисијата, до 6 септември увид во избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава извршиле 20.081 граѓанин, а преку веб-страницата 148.538 граѓани ги провериле своите податоци.