Свет Утврдена локацијата на црните кутии од урнатиот авион на „Ер Азија“

Утврдена локацијата на црните кутии од урнатиот авион на „Ер Азија“

Експертските тимови кои работат на расветлување на причините за падот на авионот на „Ер Азија“, успеале да го лоцираат сигналот на црните кутии, јавуваат светските медиуми.

Како што соопштија индонезиските власти, брод примил сигнал и наскоро во овој дел ќе бидат испратени нуркачки тимови.

Во авионската несреќа, која се случи на 28 декември, загинаа 162 патници и членови на екипажот.