Хроника Утврден идентитетот на починатиот мотоциклист

Утврден идентитетот на починатиот мотоциклист

Скопската полиција го утвдрила индетитетот на мотоциклистот што утрово почина во близина на Зелениот пазар, во центарот на Скопје.

Станува збор за Перо П. (52) од Скопје, кој не настрадал во сообраќајна незгода, туку му се слошило додека околу 10.40 часот со својот мотоцикл се движел по булеварот Кочо Рацин, паднал на коловозот и починал на самото место. Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош, која констатирала смрт.

Полициски екипи и јавен обивнител извршиле увид на местото, а телото на починатиот е предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.