Свет Балкан Утврден идентитетот на бомбашот-самоубиец во Истанбул

Утврден идентитетот на бомбашот-самоубиец во Истанбул

Турските власти го идентификувале бомбашот-самоубиец кој го изврши вчерашниот напад во Истанбул како Набил Фадил (28), роден во Саудиска Арабија.

Истрагата на турските безбедносни служби покажала дека Фадил бил член на Исламска држава и оти на 5 јануари од Сирија допатувал во Турција како мигрант.

Полициските сили денеска во Турција уапсија 68 лица осомничени како припадници на ИД, но не се знае дали апсењата се поврзани со вчерашниот напад во кој загинаа 10, а беа ранети 15 лица.