Македонија Утрово вратени 63 македонски државјани од Црна Гора, кои ќе бидат во...

Утрово вратени 63 македонски државјани од Црна Гора, кои ќе бидат во задолжителен карантин

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Министерство за надворешни работи на Црна Гора и Косово, утрово организирале враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата од корона вирусот.

„Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста,“ информираат од МНР.