Македонија Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

„Овој дим може да биде канцероген. Ова го загадува Батинци, Пинтија, Драчево, Лисиче, Аеродром“, вели Браховиќ во видеото

Депонија „Дрисла“ | Фото: Архива на Мета.мк

Во раните утрински часови денеска можело да се забележи густ црн чад над скопската депонија „Дрисла“, која според локалните жители започнала да гори во раните утрински часови. Активистот Сених Браховиќ, во видео кое го сподели на Фејсбук, вели дека добил многу повици од жители на Батинци и другите населени места во околината на депонијата кои се исплашени од евентуалното загадување на воздухот.

„Денеска е запалена Дрисла депонија, не знаеме што се случува. Веќе од 5 часот утрово ми пишуваа луѓе, испраќаа видеа во кои се гледа дека гори од Дрисла. Дали гори печка, дали се запалила печка, не знаеме. Овој дим може да биде канцероген. Ова го загадува Батинци, Пинтија, Драчево, Лисиче, Аеродром“, вели Браховиќ во видеото.

Од Центарот за управување со кризи претпладнето информираа дека брзо по избувнувањето на пожарот на Дрисла, истиот бил изгаснат.