Македонија Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради Авицена женска трка 2020

Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради Авицена женска трка 2020

За една деценија (2009-2020) во Македонија се увезени речиси 350.000 употребувани возила | Фото: Арбнора Мемети

Утре во периодот од 8:30 до 10:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк, бидејќи во наведениот период ќе се одржи Авицена женска трка 2020, информираат од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Оттаму посочуваат дека со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул. „8-ми Септември“ кај хотел Александар Палас, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.