Македонија Утре во 12 часот повторно ќе се протестира пред Уставен суд

Утре во 12 часот повторно ќе се протестира пред Уставен суд

Граѓанската платформа „Ајде“ утре во 12 часот повикува на нов протест пред Уставниот суд поради одлуката судот да ја прифати иницијативата да расправа за уставноста на Законот за помилување, со кој се предвидува лица гонети или осудени за изборни нерегуларности и криминал да не можат да бидат помилувани.

„Ајде, в понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме сè додека судиите што ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка. Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (не)Уставниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта“, пишува во повикот за протестот.

Вакви протести под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“ се одржаа и во средата и во четвртокот минатата недела.