Македонија Утре привремен сообраќаен режим во Скопје

Утре привремен сообраќаен режим во Скопје

Утре, во период од 11 до 13.30 часот, како и од 20 до 1 часот, поради одржување на повеќе манифестации (детска предновогодишна програма, новогодишна програма), дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки.

Затворени за сообраќај ќе бидат улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски, од крстосницата со улицата Филип Втори Македонски до крстосницата со улицата Даме Груев.

Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на автобускиот сообраќај на линиите што минуваат на овој потег, и тоа:

1. Автобусите што ги опслужуваат линиите со број 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по улицата 11Октомври кон Зелено пазарче, потоа десно по улицата Кирил и Методиј (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат улицата Даме Груев (зад Собрание).

2. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад Собрание) и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да го почитуваат привремено поставениот режим на сообраќај.