Македонија Утре обилен дожд и грмежи, вечерта снег на планините

Утре обилен дожд и грмежи, вечерта снег на планините

Под влијание на нов влажен бран, утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на едедн квадратен метар, прогнозира УХМР.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во ноќните часови кон четврток, поради спуштање на студен воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег. В четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен, а в петок од северозападен правец.

Температурата значително ќе опадне, при што утринската за време на викендот на места ќе се спушти под нулата.