Забава Утре концерт на Тајзи во „Универзална сала“

Утре концерт на Тајзи во „Универзална сала“

Специјален гостин на концертот е Слаткаристика

Утре, со почеток во 20 часот, во „Универзалната сала“ во Скопје ќе се одржи првиот солистички концерт на Тајзи, а специјален гостин на концертот е Слаткаристика. Според најавата, на сцената ќе се појави и диџеј Ивајо.

Билетите, кои ги има уште малку, се продаваат уште денеска, по цена од 250 денари, преку мрежата на http://mktickets.mk/, а утре, на денот на концертот, ќе можат да се набават на билетерницата во „Универзална сала“, по цена од 300 денари.