Македонија Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Посебниот режим на сообраќај ќе се одвива во периодот од 6 и 30 до 11 и 30 часот

Фото: Фејсбук профил на Скопски маратон

Утре во периодот од 6:30 до 11:30 часот, поради одржување на атлетска трка, единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите, соопштува СВР Скопје.

„Стартно-целната позиција на трката е од булевар „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосница со ул. „Владимир Комаров“, на дел од ул. „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. „Јане Сандански“ до крстосница со бул. „АСНОМ“ како и на дел од бул. „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ се до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“, информира СВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.