Свет Балкан Утре ќе се распишат предвремени парламентарни избори во Србија

Утре ќе се распишат предвремени парламентарни избори во Србија

Српската влада денеска му предложи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори, пишуваат српските медиуми.

Се очекува Николиќ утре напладне да го потпише указот за распуштање на парламентот и да ги распише парламентарните избори, две години пред редовниот рок.

Изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распуштање на собранието.

Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека изборите најверојатно ќе се одржат на 24 април.