Македонија Утре ќе се прска против комарци

Утре ќе се прска против комарци

Утре ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Град Скопје.

Прскањето ќе се реализира во период од 5 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и мирни водни површини во градот Скопје и во неговата околина, како и по текот на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

 Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.