Македонија Котевски: Комуницираме и со косовските и со српските власти

Котевски: Комуницираме и со косовските и со српските власти

Теренот околу караулата Гошинце, која ноќеска беше нападната, се обезбедува и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, изјави попладнево помошник-министерот за односи со јавностa во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.

Како што пишуваат медиумите, направени се контакти со косовските власти и се очекува утре да се одржат состаноци на највисоко ниво.

Комуникација и состаноци ќе има и со српските безбедносни структури.