Македонија Уставниот суд одлучи, недела останува неработен ден

Уставниот суд одлучи, недела останува неработен ден

Салата за седници на Уставен суд. Фото: Веб-страница на Уставниот суд

Уставниот суд одлучи да не се поведе постапка за иницијативата која беше поднесена од Стопанската комора на Македонија и недела да остане неработен ден.

Портпаролката Христина Беловска по седницата соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.

„За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора која бараше да се запре спроведувањето на законот. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува“, рече Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но тогаш не донесе одлука поради недоволно мнозинство гласови.

Со сегашното законско решение, околу 95 отсто од работнициве во земјава не треба да работат во недела.