Главна секција Уставниот суд ќе расправа за враќање на амнестијата за изборни нерегуларности

Уставниот суд ќе расправа за враќање на амнестијата за изборни нерегуларности

Уставниот суд на утрешната седница, закажана за 9 часот, по третата точка на дневниот ред, ќе расправа за измени на Законот за помилување со кои на претседателот на државата ќе му се овозможи да амнестира и лица осудени за изборни нерегуларности, стои на веб-страницата на судот, на која се најавени точките за кои ќе се заседава.

Со законските измени од 2009 година, претседателот не може да помилува лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.