Подглавна секција Уште еден врвен менаџер во рускиот сектор за нафта и гас е...

Уште еден врвен менаџер во рускиот сектор за нафта и гас е пронајден мртов

Виталиј Робертус (54), потпретседател на руската компанија за нафта и гас Лукоил е четвртиот менаџер на Лукоил кој почина од почетокот на руската целосна инвазија на Украина

Фото: MichalPL, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Виталиј Робертус (54), потпретседател на руската компанија за нафта и гас Лукоил, е пронајден мртов. Тој е четвртиот менаџер на Лукоил кој почина од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, соопшти Украинска правда.

„Со длабока тага објавуваме дека Виталиј Владимирович Робертус, потпретседател на компанијата, ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштение за медиумите.

Владимир Некрасов, претседател на Одборот на директори на Лукоил, почина во октомври 2023 година од акутна срцева слабост.

Некрасов го предводеше Лукоил откако Равил Маганов, претходниот претседател, почина по пад од прозорец на Централната клиничка болница во Москва во август 2022 година.

Александар Суботин, поранешен врвен менаџер на компанијата, почина во мај 2022 година а неговото тело беше пронајдено во приватна куќа. Истрагата заклучи дека и Суботин починал од акутна срцева слабост.