Македонија Уште еден починат, 20 нови случаи и 24 оздравени од Ковид-19

Уште еден починат, 20 нови случаи и 24 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а бил потврден како позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово2 и Прилеп-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.