Свет Европа Уште две лица обвинети за нападите во Брисел

Уште две лица обвинети за нападите во Брисел

Белгиските власти обвинија уште двајца мажи за терористички дела, додавајќи дека биле поврзани со изнајмување куќа што ја користеле при вршење на нападите во Брисел, соопшти денеска федералното обвинителство на оваа земја.

Обвинителите ги идентификувале двајцата обвинети како Смаил Ф., роден 1984 година, и Ибрахим Ф., роден 1988 година.

Во соопштението се додава дека во нападите извршени на 22 март во Брисел биле убиени 32 лица.